СДСМ : Владата да ја стопира продажбата на земјоделското земјиште

22.10.2013 12:22 | KumanovoNews

 Од СДСМ бараат Владата да ја стопира продажбата на земјоделско земјиште бидејќи земјоделците се во лоша финансиска состојба  и не се во можност истото да го откупат.

СДСМ : Владата да ја стопира продажбата на земјоделското земјиште

Од партијата велат дека јавниот повик за доставување иницијативи за продажба траел една седмица, а вистинските земјоделци се на нива и најверојатно не се информирале за постапката од интернет страната на ресорното министерство.

Владата потроши огромни пари за кампањи, за промовирање на субвенциите и програмите за рурален развој, се со цел да ги убеди граѓаните дека е земјоделска Влада. А токму сега кога треба и земјата да им ја продаде, нема ниту денар за кампања. Ова го може само Владата на ВМРО - ДПМНЕ. Го прашуваме Министерството за земјоделство зошто потрошија 200.000 евра за купување на наменски возила за промовирање, но и за информирање на земјоделците, а ги користевте единствено во кампањата за локални избори и прибирање на гласови со низа интриги и лажење - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

Од СДСМ велат дека вистинските земјоделци немаат пари да ја платат концесијата, а не да ја купуваат земјата и изразија сомнеж дека истата ќе ја купат луѓе блиски до власта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk