СДСМ: Владата ja затвори народната кујна во Куманово

20.02.2025 13:52 | KumanovoNews

Од општинската организација на СДСМ го осудуваат чинот на Владата на затворање на народната кујна во Куманово.

 

СДСМ: Владата ja затвори народната кујна во Куманово

Денеска, на денот на социјалната правда,  од партијата потсетуваат, како што велат, за неспособноста, бесчуствителноста и негрижата за граѓаните, посебно за ранливите категории на граѓани, од страна на коалицијата на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Една од најважните улоги на државата е да обезбеди благосостојба на сите свои граѓани. Токму на овој ден зборуваме за проблем со кој се соочувааат најранливите граѓани на општина Куманово, кои 4 месеци останаа без правото на бесплатен оброк. Корисници на гарантираната минимална помош се самохрани родители, хронично болни лица, самци и многудетни семејства на кои топлиот оброк им е неопходен за секојдневна егзистенција. Затоа СДСМ бара итно решавање на овој проблем од страна на институциите и повторно враќање на народната кујна како егзистенцијална потреба на нашите сограѓани. Како социјалдемократи цврсто се бориме за социјална правда, искоренување на сиромаштијата и обезбедување на социјална сигурност на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk