Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од СДСМ денеска го обвинија раководството на ВМРО - ДПМНЕ дека дава лажни ветувања на граѓаните кога вели дека ќе гради спортски терени во градот, а при тоа не ги реализира проектите за кои добила согласност од Општината.
Таков бил случајот со тениското игралиште на улица Пиринска Македонија, за кое локалната самоуправа пред 5 години издала одобрение за градба на Владата, но тоа не е искористено.
Да ги потсетиме популистите дека на 12 јуни 2009 година издадено е одобрение за градба на двоен тениски терен на улица Пиринска Македонија. И што направија тие? Побараа продолжување на дозволата за уште една година, и ја добија на 6 декември 2010 година. Но, парите од државата не се стигнати. Тука приказната завршува. Од овие ветувања не видовме ниту тениска мрежа, а не место каде граѓаните би можеле да се рекреираат. За разлика од нив програмата “Промени за нов почеток“ на СДСМ има конкретни мерки за спорт и рекреација - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Тој додава дека во програмата на СДСМ се предвидува инвестирање на македонски фирми во младински спортски школи, а локалните власти ќе бидат стимулирани да градат велосипедски патеки и скејт паркови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk