СДСМ: Власта го присвојува Денот на македонската револуционерна борба

22.10.2014 13:11 | KumanovoNews

Од СДСМ денеска на прес - конференција ја обвинија власта го присвојува денот на кој е основана Македонската револуционерна организација.

СДСМ: Власта го присвојува Денот на македонската револуционерна борба

“Денес Македонија не е слободна држава. Денес се апсат и се малтретираат невини граѓани, затворени се медиумите што ја негуваа слободната мисла, народот е осиромашен, младите се раселени. Борците за Македонија ни оставија во аманет да ја чуваме и возобновуваме Македонија, а не да ја распродаваме. СДСМ искрено се надева дека времињата што доаѓаат ќе ги вратат вредностите за кои низ историјата се оставани човечки животи“- изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

Од СДСМ велат дека луѓето кои денес се прават патриоти се однесуваат спротивно на идеалите на Македонската револуционерна борба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk