Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од СДСМ денеска упатија обвинување до ВМРО-ДПМНЕ дека не се придржуваат до правилото плакати да се лепат на одредени локации, туку ги лепат каде што ќе стигнат.
Опомена од надлежните органи е поднесена. Но, тие не почитуваат ништо законско во оваа држава, па не ја почитуваат ниту оваа одлука која е донесена во Советот на Општина Куманово, согласно изборниот законик. Тие како за инает го истакнуваат својот промотивен материјал и на струјни кутии од ЕВН, и на приватни и станбени објекти, на деловни објекти, и на електрични столбови кои се користат за друга намена при што директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Живеат во европска држава, а се однесуваат како во афричка - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Од партијата потсетија дека по завршување на кампањата во рок од 30 дена треба да се отстранат плакатите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk