СДСM:ВМРО - ДПМНЕ насилниците ги прикажува како жртви

10.04.2017 15:07 | KumanovoNews

Општинската организација на СДСМ обвини за партизираност на МВР, по инцидентот во којшто физички бил нападнат пратеникот Максим Димитриевски од полицајци во алкохолизирана состојба.

СДСM:ВМРО - ДПМНЕ насилниците ги прикажува како жртви

„МВР наместо сериозно да се зафати со расветлување на случајот, недозволиво излезе со конструирани клевети кон пратеникот, без да ја слушнат неговата изјава. Не е запазена процедурата да не се излегува со предвремени информации, додека не заврши истрагата. Дополнителна потврда дека не се знае што е МВР, а што ВМРО-ДПМНЕ покажуваат прес конференциите на партијата на Груевски во заминување од власт, којашто си дозволува да коментира случај во надлежност на полицијата, - изјави портпаролот на општинското СДСМ Сашо Тодоровски.

 Тој повика МВР реално да ја утврди фактичката состојба и да поднесе соодветни пријави за луѓето кои го извршиле насилството.

„Бидејќи институциите се узурпирани од кадри на раководството на ВМРО - ДПМНЕ кои монтираат случаи со кои што насилниците ги прикажуваат како жртви, укажуваме на дека професионалците во МВР и органите на истрагата се должни реално да ја утврдат фактичката состојба и да поднесат соодветни пријави за насилството врз Максим Димитриевски и неговото семејство во Ресторан Палас – Куманово, - додаде Тодоровски.

Истовремено, побара од претседателот на ОК Куманово, Драган Петковски, јавно да се извини за, како што рече, лагите и клеветите против Максим Димитриевски кои биле изнесени на прес конференција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk