СДСМ во недела ќе одржи трибина во Куманово

23.06.2023 15:01 | Сузана Николиќ

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во недела во 12 часот, СДСМ ќе одржи трибина под мотото“ Резултати што прават разлика“, на која ќе говори претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

СДСМ во недела ќе одржи трибина во Куманово

„Акцентот ќе биде ставен на политиките на Владата предводена од СДСМ кои се однесуваат на достигнување на европските вредности и стандарди, како и патот кон полноправно членство во ЕУ. Европската иднина е неминовна, а со оваа Влада бенефитите од про европските политики ги чувствуваат сите граѓани. За придобивките од европските интеграции, за значењетро на членството во НАТО, за европската иднина на Македонија, на трибината ќе говори претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, а ќе присуствува целото раководство на партијата“, изјави портпаролот на општинската организација Александар Митрички на денешната прес конференција.

Тој ги покани сите граѓани на Куманово, без поделби, да присуствуваат на трибината и директно од премиерот и целото раководство на СДСМ, да ги слушнат сите досегашни и идни владини политики во однос на европската иднина на Македонија.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk