СДСМ води во Куманово

11.12.2016 20:58 | KumanovoNews

Од досега пребројаните гласови во изборните штабови на двете најголеми политички партии во  општина Куманово, резултатите покажуваат дека води коалицијата на СДСМ во однос на нивните политички ривали ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ води во Куманово

Според статистиката на СДСМ од пребројани 119 избирачки места од вкупно 149, СДСМ има освоено 16.642 гласа а ВМРО-ДПМНЕ 15.264 гласа. А неофицијално разликата во сите избирачки места е 3400 гласа.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека од обработени 75 проценти од гласовите во нивна корист се 14.700 гласа, а СДСМ добиле 16.000 гласа.

Според неофицијални информации во општината Липково поголем број на гласови освоила БЕСА во однос на ДУИ, а 1000 гласа освоила и коалицијата на СДСМ.

Од сајтот на Општинската изборна комисија може да се види дека се обработени 23 проценти од гласовите, при што  7884 освои СДСМ и 7486 ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk