СДСМ врши партиски реваншизам врз нашите членови, обвини Петрушевски

13.05.2019 11:21 | KumanovoNews

 ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ започнала со партиски реваншизам и притисоци врз граѓаните и поддржувачите на нивната партија во Куманово, поради лошиот резултат и изгубените 13.500 гласови на Претседателските избори.

СДСМ врши партиски реваншизам врз нашите членови, обвини Петрушевски

Како пример го посочија директорот на „Водостопанство Кумановско – Липковско поле“, Оливер Илиевски, секретар на СДСМ Куманово, кој поднесе кривични пријави против тројца вработени во претпријатието.

„Тој се става во позиција на Јавен обвинител или инспектор во МВР, па врз основа на некакви изјави од вработените, на кои им е непосреден претпоставен, поднесува кривични пријави на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е класичен политички притисок и реваншизам, на очајни партиски фигури во СДСМ кои се соочени со незадоволството на граѓаните. Впрочем граѓаните испратија јасна порака дека не го толерираат неработењето и непотизмот на СДСМ во Куманово. Токму овој носител на функција на СДСМ во Куманово не мрдна со прст да го направи ветениот цевковод кој требаше да го реши водоснабдувањето во Куманово, - изјави Бране Петрушевски – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Тој го обвини Илиевски за непотизам, бидејќи си ја вработил сопругата воМВР, нејзината сестра во Кумановската болница и братучетката во Кумановската градинка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk