Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изборниот штаб на СДСМ од утре ќе започне со реализација на еколошки проект кој се нарекува „Моето маало“.
Проектот предвидува уредување на зелени површини во неколку населби и месни заедници.
„Акцијата ќе се организира со јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, здружението на граѓани Кумановски акцијаши. Започнуваме со населбата „Гоце Делчев„ со поставување на фонтана, клупи и садење на дрвца.Оваа акција е организација на СДСМ и сретствата се обезбедени од членовите на партијата. Со ова покажуваме дека се грижиме за разубавување на урбаните заедници. Во соработка на месните заедници во наредниот период ќе ги утврдиме следните наши приоритети, - изјави Мартин Костовски, шеф на изборниот штаб на СДСМ.
Тој ги повика граѓаните од Гоце Делчев утре во 11 часот на м.в. Кошеви да се вклучат во акцијата за расчистување на околината.
Следната акција ќе се организира во населбата Средорек, БС Гојчо, Зелен рид, Панче Пешев и на други места.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk