СДСМ:Очигледни и бесрамни манипулации со парите на граѓаните се прават со реконструкцијата на „Никола Тесла“

24.04.2025 16:13 | KumanovoNews

Во последно време се почесто сме сведоци на очигледни и бесрамни манипулации со парите на граѓаните на Куманово, а последен пример е реконструкцијата на улицата „Никола Тесла“, на која се собраа да се сликаат градоначалникот и актуелните пратеници и функционери од коалицијата ЗНАМ и ДПМНЕ, велат од Општинската организација на СДСМ Куманово.
 

СДСМ:Очигледни и бесрамни манипулации со парите на граѓаните се прават со реконструкцијата на „Никола Тесла“

„Улицата се реконструира без разлика што водоводниот систем кој се реконструираше се уште не е предаден под владение на ЈП „Водовод“ Куманово, згора на тоа се реконструира без соодветен тротоар за да се решат проблемите на пешаците на таа улица. Вкупната вредност на проектот е 20 милиони денари. Проблемот е во тоа што според сите реални калкулации и пазарни цени овој проект не треба да изнесува повеќе од 16.900.000 денари. СДСМ прашува: Како е дојдено до оваа сума од 20 милиони денари и дали е реална? Дали овие преплатени 50 000 евра ќе се искористат за кампањата за локалните избори?, стои во соопштението на СДСМ. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk