Се асфалтира патот Оризаре-Липково

15.05.2015 08:34 | KumanovoNews

При крај е асфалтирањето на патниот правец Оризаре-Липково.

Се асфалтира патот Оризаре-Липково

Од општината Липково информираат дека овој патен правец во должина од 1.5 км се гради со средства од државата.

“Патот се гради  подолго време, но деновиве работите ќе завршат. Претходно патот беше оштетен, со дупки, и сега бенефит од новиот пат ќе имаат сите жители на општина Липково“ - вели Дије Арифи, раководител на сектор за урбанизам во општина Липково.

Арифи додава дека во лоша состојба е и патниот правец Слупчане-Куманово, кој би требало да се санира. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk