Се асфалтираат патеките на гробиштата

28.07.2011 13:46 | KumanovoNews

 На Градските гробишта се асфалтираат патеките помеѓу гробните места.Проектот на локалната самоуправа за целосно уредување на гробиштата трае веќе еден месец а ќе чини 9 милиони денари.

Се асфалтираат патеките на гробиштата

Се работи на обновување на комплетната инфраструктура на Градските гробишта. Изградба на нови 4,5 километри стази со ивичници и реконструкција на пет попречни улици кои се сврзуваат со главната улица. Проектот  треба да се заврши до крајот на летото-објаснува градоначалникот Зоран Дамјановски, кој вчера го посети градилиштето.

Општината Куманово купи 2 хектари земјиште за проширување на Градските гробишта. Новите парцели се наоѓаат од двете страни на патот зад црквата во селото Биљановце.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk