Се асфалтираат улиците „Белановска“ и „Студена вода“ во Доброшане

09.01.2024 10:44 | Оливера Пешевска

Започна асфалтирањето на улиците „Белановска“ и „Студена вода“ во селото Доброшане, кои се дел од програмата за инфраструктурни проекти на Општина Куманово. 

Се асфалтираат улиците „Белановска“ и „Студена вода“ во Доброшане

 За уште две улици „208“ и „Козјачка“ тендерската постапка е завршена, но отпочнувањето со работа ќе зависи најмногу од временските услови.

„Се реализираат двете улици во Доброшане, „Белановска„ и „Студена вода“. Издвоени се 1,2 милиони денари, а вкупно и за другите улици во населбата 25 милиони денари. За најголемата инвестиција на улица „Козјачка“ проектирани се близу 4,1 милиони денари, тендерската постапка е завршена, но зимските услови диктираат кога на тие локации ќе започнеме со работа. За спортски и детски игралишта се уште не се прецизирани локациите, па во Доброшане и за нив ќе работиме дополнително“,  истакна Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.

Дел од советниците сметаат дека Доброшане било со години заборавено и сега ќе се инвестира во патната инфраструктура.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk