Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово моментално има 385 слободни работни места за кои се бараат работници, покажуваат податоците на Државната агенција за вработување.
Во огласите се бараат келнери, медицински сестри, месари, чевлари, сметководители, електроинсталатери, комерцијалисти, монтери, ѕидари, хигиеничари, готвачи, фармацевти и друго.
Работодавците нудат плати од 8.800 до 18.000 денари зависно од тоа каков кадар бараат.
И во останатите градови овој период има зголемен број на огласи за вработување. Во Охрид има 456, во Битола 451, во Струмица 630, во Штип 279 работни места, а во помалите градови бројот е драстично помал.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk