Се бркале со коли и мотори, па се тепале по кумановските улици

17.06.2020 14:11 | KumanovoNews

 Девојки и  машки лица ноќеска се бркале со коли и мотори, па се степале на кумановските улици.

Се бркале со коли и мотори, па се тепале по кумановските улици

 Како што објави МВР,  во 01,30 часот во СВР Куманово,  Д.Ј.(33) и С.М.(18) пријавиле дека околу 23 часот, додека се возеле со патничко моторно возило „Алфа Ромео“ по ул.„Моша Пијаде“ пред нив застанал моторцикл „Априлиа“ управуван од С.П., а зад него била и А.М. А.М. физички ја нападнала С.М. по што го напуштиле местото на настанот.

Подоцна околу 23,10 часот на ул.„Трета МУБ“ застанало возило од кое излегле поголема група на лица меѓу кои и А.М., С.П., А.П., М.М. и физички го нападнале Д.Ј. Според пријавеното, откако С.М. се обидела да ги раздели, била нападната од А.П.

Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk