Се чистат дивите депонии во околината на Куманово

27.09.2022 11:45 | Сузана Николиќ

ЈП „Чистота и зеленило“ започна со расчистување на дивите депонии на периферијата на градот и во селските населби. Во Куманово има десетина поголеми депонии и уше четириесетина помали, во речиси секое населено место.

Се чистат дивите депонии во околината на Куманово

„Започнавме со расчистување на градските гробишта, потоа во селата Табановце и Горно Којнаре, а до крајот на неделата повторно ќе ја читиме и дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“, вели директорот Даниел Стојчевски. 

Тој додаде дека во изминатите 3 месеци претпријатието чисти по околу 3 илјади тони смет од дивите депонии. Тој апелираше до граѓаните да ја подигнат еколошката свест и да го фрлаат ѓубрето во контејнерите. 

„Во последната година ги имаме обновено сите садови за смет во центарот на градот и дополнително во секоја населба. Се работи за бројка од 900 садови. И речиси 90 проценти од населените места се покриени со нови садови, а во градот поставуваме подземни контејнери“, тврди директорот.

Тој апелираше и до инспекциските служби и СВР Куманово да се вклучат во санкционирање на несовесните граѓани, за да се зголеми степенот на хигиената на градот.
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk