Се чистат градските улици

02.02.2012 12:48 | KumanovoNews

 Екипите што се задолжени за зимско одржување на улиците денеска фрлиле 70 тони по централните сообраќајници во градот.

Се чистат градските улици

Од синоќа се интервенира на улиците: „Доне Божинов„, „Народна револуција„, „Ѓорче Петров„, „Биљановска„, „Октомвриска револуција„, „Видео Смилевски Бато„, пристапите до болницата , Ургентен центар, Домот за стари лица, јавните институции и установи неопходни за функционирање на градот - велат од Општината.

 Предност при интервенциите било дадено на сообраќајниците со поголеми стрмнини и  улици од прв степен на приправност.

 Со оглед на тоа што во вечерните и раните утрински часови температурите биле под -5 степени, солта послабо реагирала, па снегот веднаш не се топел поради што по улиците била фрлена и ризла, објаснуваат надлежните .


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk