Се чистат селските патишта

15.02.2012 15:41 | KumanovoNews

Интензивно се расчистуваат патиштата кон планинските села во општините Липково и Старо Нагоричане.

Се чистат селските патишта

 Механизацијата на Дирекцијата за заштита и спасување ги чисти патните правци  кон селата Липково-Думановце-Гошинце-Лукаре како и патните правци, Слупчане-Руница и Слупчане –Алешевце.

"До координативното тело пристигнаа барање за расчистување на овие патни правци. Денеска се работи на расчистување на овие патни правци кои водат кон повисоките планински села од липковскиот регион. Се работи на расчистување на околу 50-тина километри патишта на повисоки планиснки места"- вели Драган Димковиќ, раководител на подрачното одделение.

Од Регионалниот Центар за управување со кризи, информираат дека во моментот се расчистуваат патиштата кон планинските села во козјачијата кои влегуваат во територијата на општина Старо Нагоричане.

"Ангажирана е дополнителна механизација за расчистување на патните правци кон којачкиот регион "- вели Горан Стојановски, раководител на РЦУК.

Во кумановско речиси сите патни правци се проодни и расчистени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk