Се чистеа градските гробишта

30.03.2010 14:57 | KumanovoNews

Денот на дрвото беше искористен за поширока акција за чистење и уредување на градските и муслиманските гробишта. Акцијата ја организираше ЈП „Чистота и зеленило„, а беше подржана од локалната самоуправа и Советот на општината Куманово. Во акцијата учествуваа поголем дел од советниците  и градоначалникот.

Се чистеа градските гробишта

Оваа акција е уште една во низата што ја спроведуваме за расчистување на поширокото градско подрачје.Пред големиот христијански празник Велигден,акцент се даде на градските гробишта од каде беше изнесено ѓубрето, искосена тревата и искастрени дрвцата. Покрај вработените, во работата ни помгнаа и поголем дел од совтниците и општинската администрација на чело со градоначалникот-изјави директорот Сашо Петрушевски.

 Денеска истовремено се спроведуваше и акцијата за расчистување на дивите депонии во населбата „Перо Чичо“ во близина на пругата Куманово-Бељаковце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk