Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови и симпатизери на СДСМ, Кумановски акцијаши и граѓани денеска се вклучија во еколошката акција за чистење и уредување на зелените површини во населбата Гоце Делчев.
При тоа беше исчистен нафрланиот смет на зелените површини, беа засадени дваесетина дрвја и поставена урбана опрема во паркот.
„Почнуваме со проект кој ќе се спроведува во наредниот период и се вика „Моето маало„ за разубавување и оплеменување на месните заедници во Куманово. Следниот викенд ќе работиме во населбата Средорек, ќе поставиме фонтана и ќе засадиме дрвца. Акцијата е спроведува од наши средства,- изјави претседателот Мартин Костовски.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски даде подршка на иницијативата како член на СДСМ и апелираше до граѓаните да ги одржуваат овие површини за да има.
Членовите на здружението Кумановски акцијаша велат дека со задоволство се приклучуваат на секоја акција за зачувување на животната средина.
„Ние упативме повика до сите политички партии во општина Куманово, и за среќа денеска го реализираме првиот проект. Ние сме расположени да се вклучиме во секоја акција, - велат од Кумановски акцијаши.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk