Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На иницијатива на Институтот „Пулсот на демократијата“, а во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“, невладините организации „Дром“, „Линда“ и Кошаркарскиот клуб „Риниа Баскет“ Куманово, денеска беше спроведена акција за чистење на спортскиот терен кај поранешниот дом на АРМ во Куманово.
„Спортот и животната средина имаат витално значење за Куманово. Ова место некогаш претставуваше една од клучните точки на градот – простор за рекреација, спортски активности и дружење на многу генерации. Повеќе од три децении овој терен е оставен во заборав и надвор од функција. Денешната акција е само прв чекор“, изјави Енвер Салихи од Пулсот на демократијата.
Тoj најавува дека, во соработка со општинските и централните институции, ќе бараат овој терен да се стави во функција како модерен простор за спортски активности на граѓаните на Куманово.

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk