Се чисти бањата Стрновец

24.06.2010 09:35 | KumanovoNews

 Општината Старо Нагоричане го започна санирањето на штетите по големите полави со цел во што е можен пократок рок да се пушти во употреба бањата Стрновец.

Се чисти бањата Стрновец

 Градежните фирми го санираат пристапниот пат, кој беше комплетно поплавен и однесен т.е. се тампонира за да може да се помине со лесни возила. Исто така, се средува платото пред бањата, оградата и базените, со што во најкраток можен рок ќе може  бањата ќе се пушти во употреба.- велат од Општината.

Големите поплави во Општината Старо Нагоричане се случија ноќта помеѓу 15 и 16 мај, кога од поројните дождови се изли реката Пчиња, која поплави повеќе населени места. Едно од ударните места на поплавата беше и бања Стрновец, каде луѓето се извлекуваа со хелихоптери на специјалните едниници на АРМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk