Се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“

11.04.2016 13:35 | KumanovoNews

Започна чистењето на дивата депонија под железничката пруга во населбата Перо Чичо.

Се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“

Натрпаниот смет и шутот се изнесува на депонијата Краста.

Овде е жива рана, кажано со медицински речник.  По седми пат ја организираме оваа акција за да го отстраниме сметот и шутот од оваа локација. Апелирам, ова ќе биде последен пат да го чистиме ова место, бидејќи парите на граѓаните ги трошиме непопуларно“,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

За таа намена ќе бидат потрошени околу 200 илјади денари, а се планира да се изнесе помеѓу 400-500 кубика смет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk