Се чисти коритото на Којнарка

14.03.2020 09:54 | KumanovoNews

При крај е чистeњето на реката Којнарка од ул. „Доне Божинов“ до селото Горно Којнаре, во должина од близу 4 км.

Се чисти коритото на Којнарка

Како што информира директорот на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски, акцијата се спроведува со цел да се исчисти и прошири речното корито во случај да има зголемена количина на вода.

- Акцијата почна пред околу 10 дена, од мостот во Средорек па до добиточниот пазар. Ова речно корито не е чистено со години наназад и требаше да направиме проширување на истото во случај да има зголемени количини на дожд. Да превенираме месното население да биде безбедно, бидејќи пред три години имаше поплава токму на улицата „Никола Тесла“,- рече Илиевски.

Чистењето на реката Којнарка е дел од редовните активности на јавното претпријатие, потпомогнато од државата со одредени количини на гориво од државните резерви, а за истото ќе бидат потрошени 300 илјади денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk