Се доградува црква во село Пчиња

03.05.2012 09:00 | KumanovoNews

 Со донации од фирми и самопридонес се уредува црквата „Свети Спас„ чии темели беа поставени пред десетина години.

Се доградува црква во село Пчиња

Се работи на покривот, камбанаријата, внатрешниот и надворешниот дел од црквата. Фасадата ќе биде обложена со камен,а делови од внатрешноста ќе бидат украсени со мермер. На куполите се поставени два крста. Се очекува дека до селската слава Спасовден, која годинава ќе се слави во четврток на 24 мај, црквата ќе добие комплетен изглед. Жителите објаснуваат дека во селото имаат уште една црква која е стара, дотрајана и со многу мал простор, па новиот верски објект претежно ќе биде наменет за венчавање.

Во Пчиња живејат околу 800 жители и е едно од најголемите села во кумановско.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk