Се доуредува коритото на Крива Река во градското подрачје

16.04.2021 08:56 | KumanovoNews

Крива Паланка наскоро ќе добие целосно уредено корито на Крива Река долж течението во градското подрачје.

Се доуредува коритото на Крива Река во градското подрачје

На овој проект се работи повеќе години наназад, а во моментот во тек е регулација на минор коритото од централното подрачје до населбата „Бегови Бавчи“, во должина од 926 метри.

Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 19 милиони денари, обезбедени од Светска Банка преку Министерството за финансии.

Според планот и утврдената динамика, се очекува градежните работи да бидат завршени до крајот на годината.

Претходно е уреден делот на коритото на Крива Река од централното градско подрачје до спортскиот комплекс на излезот од градот. На овој потег, покрај коритото, изградени се и пешачки и велосипедски патеки, поставена е урбана и спортска инфраструктура, и друга опрема. Исто така, уредено е и подрачјето на вливот на Дурачка Река во Крива Река како посебна атракција во центарот на градот.

(Ж.Ц.)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk