Грчка фирма гради фабрика за бетонски елементи во индустриската зона Речица

25.05.2022 12:36 | Сузана Николиќ

Фирмата „Армос Балкан“ од Република Грција започна со изградба на фабрика за производство на бетонски префабрикувани елементи во индустриската развојна зона Новини и Речица.

Грчка фирма гради фабрика за бетонски елементи во индустриската зона Речица

„Фабриката ќе биде лоцирана северно од градот кон границата со Република Србија, на автопатот Е 75, Белград-Атина, на површина од 65 хектари градежно земјиште. Намената е Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели)“, вели Димитриевски, кој со претставници на инвеститорот бил во посета на индустриската зона за да види како се одвиваат работите.

Тој истакна дека се очекува оваа најголема индустриска зона во општината да привлече голем број фирми и големи трговски единици.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk