Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интензивно се работи на изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, како и на дел од внатрешните сообраќајници, со цел воспоставување сообраќаен режим и јавно осветлување во дел од индустриската зона „Речица“ во Куманово.
Од Владата информираат дека овој голем инфраструктурен зафат во индустриската зона во Куманово е во вредност од 210.612.489 денари, или 3,4 милиони евра. Средствата се обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски.
„Се работи на изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и на нови внатрешни улици со поставување сообраќајна сигнализација и јавно осветлување. Со реализацијата на овој проект, индустриската зона добива подобра инфраструктурна основа, поголема функционалност и подобри услови за привлекување нови инвестиции и развој на локалната економија“, објави Владата.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk