Се гради патот до Карпино

27.12.2012 07:51 | KumanovoNews

 Општина Старо Нагоричане со донации обезбеди пари за асфалтирање на дел од патот кон манастирот Карпино.

Се гради патот до Карпино

Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, за проектот Сув Ора - Карпино oдобрила средства  во висина од 7,5 милиони денари за 1 км асфалтен пат.

Работите се во завршна фаза, меѓутоа од временските услови ќе зависи дали ќе го асфалтираме.  Со сретства од Агенцијата и од буџетот на Општина Старо Нагоричане се гради овој пат кој е многу важен за да се стигне манастирот Карпино. Треба да се изградат уште 6,5 км за да се заврши патот до крај, но за тоа треба големи инвестиции. Ние почнавме сега, се надевам дека во наредните години ќе го завршиме. Манастирот Карпино е од голема важност за нашиот крај, заради негова обнова и развој на туризмот - изјави Миодраг Јовановиќ, градоначаник на Општина Старо Нагоричане.

Изведувач на работите е ГП  “Бетон“ од Скопје, а за оваа намена ќе бидат потрошени 7,5 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk