Се гради патот во Тромеѓа

10.02.2011 15:45 | KumanovoNews

Продолжува изградбата на патот во селото Тромеѓа во должина од 1100 метри.Проктот е започнат пред неколку месеци, но поради временските услови беше запрен.

Се гради патот во Тромеѓа

Семејствата од овој дел од селото се приклучија на канализациониот систем, а сега ќе добијат и асфалтен пат.  Вредноста на прокетот е 100 илјади евра. Работите ги изведува претпријатието Пелагонија. Истовремено ќе се врши санација на патот кон Амбар маала, како и реконструкција на патот во населбата Иго Тричковиќ- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој денеска беше на лице масто да види како се одвиваат работите на терен.

 Со изградба на овој пат, жителите од ова населено место ќе имат подобра врска со градот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk