Се гради спортска сала во Техничкото училиште „Наце Буѓони“

23.10.2019 10:43 | KumanovoNews

Започна изградбата на новата спортска сала во средното техничко училиште „Наце Буѓони“.

Се гради спортска сала во Техничкото училиште „Наце Буѓони“

 Средствата во висина од 27 милиони денари ги обезбеди Владата, а Општина Куманово потроши околу 2 милиони денари.

„Општината учествува со приклучок на канализација, вода и електрична енергија. Ние ги извршивме и подготовките на теренот и ископот. Општината одвои некаде околу 2 милиони денари за овој проект“, - изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Согласно текот на работите се очекува градежните работи да завршат до крајот на годината, по што ќе се пристапи со уредување на внатрешноста на објектот. Спортската сала ќе се стави во функција наредната учебна година.

Техничкото училиште „Наце Буѓони“ постои од 1960 година. Наставата се одвива во 72 паралелки. Немањето на спортска сала е голем недостаток за изведување на наставата по физичко и здравствено воспитување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk