Се гради водоводна мрежа на улица во населбата Тоде Мендол

09.12.2020 18:39 | KumanovoNews

Во тек е изградба на водоводна мрежа на улицата „2020“ во населбата Тоде Мендол во Куманово.

Се гради водоводна мрежа на улица во населбата Тоде Мендол

„Парите се обезбедени од страна на Општина Куманово во износ од 560 илјади денари, водоводната мрежа е во должина од 264 метри. Изградбата е започната овој месец, а нејзината реализација ќе биде во зависност од временските услови“, велат од Општина Куманово.

Изведувач на работите е избрана фирмата ДПП „Коп Инжинеринг“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk