“Се грижиме за топол дом“ со три донации во Куманово

07.09.2013 07:42 | KumanovoNews

Преку акцијата “Се грижиме за топол дом“ реализирани се три донации во Куманово.

“Се грижиме за топол дом“ со три донации во Куманово

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека  на бесплатниот телефонски број 0800 55 800 се јавиле 182 баратели на помош, а истовремено се јавиле 5 донатори.

Акцијата “Се грижиме за топол дом“ почна да се спроведува од почетокот на месец август со што се овозможува загрозените да побараат, а хуманите да донираат облека, мебел, покуќнина, бела техника и други добра кои не им се потребни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk