“Се грижиме за топол дом“ во Старо Нагоричане

25.06.2014 14:08 | KumanovoNews

Жителите на општина Старо Нагоричане можат да донираат покуќнина и со тоа да се вклучат во акцијата “Се грижиме за топол дом“, која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика.

“Се грижиме за топол дом“ во Старо Нагоричане

Сите кои сакаат да донираат треба да се обратат во канцеларијата за социјални услуги сместена во општинската зграда.

   - Ги известуваме сите жители на општина Старо Нагоричане кои имаат покуќнина, мебел, бела техника, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди кои не ги употребуваат, а се употребливи истите да се донираат во општина Старо Нагоричане за потребите на социјално загрозените семејства. Превозот е обезбеден од наша страна - велат од канцеларијата за социјални услуги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk