Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило„ деновиве ја искосиа тревата покрај улицата Доне Божинов, кон населбата Карпош.
Високата трева која го покриваше тротоарот од двете страни на улицата беше пречка граѓаните нормално да се движат.
Се работи за вообичаено одржување на јавно-прометните површини, т.е. косење и средување на тревниците покрај коловозите. Покрај на оваа локација нашите екипи работат и на уредување на Градскиот кеј, двата парка , плоштадот и на останатите јавни површини во градот, -вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП Чистота и зеленило.
Овие активности се дел од годишната програма на претпријатието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk