Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заврши еднонеделното истражување на локалитетот Костоперска Карпа во Младо Нагоричане, на кое работеа археолози од универзитетите во Саутхемптон и Оксфорд со кумановските колеги.
Во истражувањата се вклучени комбинирани, мултидисциплинарни техники кои ќе продолжат и во наредните две недели. Покрај Костоперска Карпа, ќе се истражуваат и локалитетите Визијанус и Градиште.
„Археолозите се вклучени во овој петгодишен проект врз основа на договорот кој Кумановскиот музеј го склучи минатата година со трите престижни универзитети од Велика Британија – Оксфорд, Саутхемптон и Единбург. Се надевам дека ќе направат голем број откритија по што ќе следува сумирање на сознанијата. Ова се реализира во директна соработка на трите унивезритети, но нашите проекти, неврзано со овој проект, се поддржани од Министертвото за култура на Република Македонија“,- информираше Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово.
На проектот работат археолозите Драгана Младеновиќ од универзитетот од Саутхемптон и Име Јакобс од универзитетот од Оксфорд, кои се задоволни како се одвиваат работите на терен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk