Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Реките Пчиња и Кумановка попладнево се излеале од своите корита.
Како што информираат oд Дирекцијата за заштита и спасување, Пчиња се излеала кај селото Пелинце, а Кумановка во Средорек.
Надојдените води неможеле да ги задржат ни распоредените вреќи со песок по должината на коритото, кои имале за цел да ги заштитат имотите на граѓаните.
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека ја следат состојбата на терен во загрозените региони и се подготвени да интервенираат.
Поплавите ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, кои го зафатија Куманово и целата држава од вчера.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk