Се излејаа Пчиња и Крива Река

05.05.2014 06:57 | KumanovoNews

 Во текот на вчерашниот ден се излејаа Пчиња и Крива Река, при што поплавиле поголена површина обработливо земјиште.

Се излејаа Пчиња и Крива Река

Крива Река на неколку места поплави ниви во селата Довезенце и Јачинце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Од таму додаваат дека и река Пчиња се излејала и поплавила 20 хектари земјиште засеано со житарици. Вчера напладне нивото на Пчиња кај Доброшане било 122 цм, а во попладневните часови е намалено на 80 цм.

Од РЦУК велат дека водостојот на реките постепено се намалува и нема дојави за нови поплави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk