Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Попладнево се излеја реката Пчиња кај Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце, а Крива Река поплави ниви во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце.
Екипите за расчистување на речните корита во општина Старо Нагоричане се на терен, потврдуваат од Регионален центар за управување со кризи.
“Меморијалниот центар АСНОМ веќе е поплавен и таму се работи со машина за расчистување на речното корито, како и кај мостовите во селата Враготурце, Коинце и Стрновац. Делот кај мостовите е затнат со дрвна маса, и тоа треба да се расчисти за да водата биде апсорбирана по течението. Крива Река засега се има излеано во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце“ - рече Горан Стојановски од РЦУК.
Ако и во текот на ноќта врне, се очекуваат поплави во селата Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk