Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ноќеска се излејаа реките Којнарка и Липковка, по поројните дождови што го зафатија регионот.
Од Регионален центар за управување со кризи Куманово информираат дека Којнарка поплавила 20 хектари, а Липковка 15 хектари земјоделско земјиште по течението на реките.
„Има поплавени куќи на улица “Никола Тесла“ и подруми на “Октомвриска револуција“, каде противпожарната единица со пумпи ја вадела водата. Поплави има и во населбата Бедиње, кај “Шумско стопанство“. Во Доброшане е зафатена една семејна куќа„ - велат од РЦУК.
И жители на населбата Средорек се жалат дека им се поплавени куќите.
Ноќеска во кумановско навраа 42 литри дожд на метар квадратен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk