Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се изли Крива Река во село Довезенце каде се поплавени неколку куќи, викендички и ниви.
Мостот во селото е покриен од надојдената вода поради што жителите не можат да отидат до продавница и да купат намирници.
Не може да се помине од една на друга страна. Селото е на два дела. Трет ден не можат граѓаните да поминат на другата страна, да отидат во продавница. Ако може некој од надлежните да помогне да се подигне овој мост, да се направи - вели Драги Додевски, претседател на месна зедница Довезенце.
Од општинскиот кризен штаб велат дека направиле елаборат за мостот и го доставиле до Владата. За изградба на нов мост се потребни околу 100.000 евра, но одговор од Владата немаат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk