Се изврши првото авионското прскање против комарци во Куманово

16.06.2024 10:42 | KumanovoNews

Во раните утрински часови се изврши првото авионско прскање против против возрасна форма на комарци оваа сезона во Куманово.

 

Се изврши првото авионското прскање против комарци во Куманово

Со прскањето беа опфатени течението на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол и Тоде Мендол,  централното градско подрачје и кај прочистителната станица ЈП „Водовод“ во с. Доброшане.

Општина Куманово за оваа година одвои 2,3 милиони денари (околу 37.000 евра) за заштита од инсекти и глодари.

За авиотретирање предвидени се 1.692.000 денари без ДДВ за три прскања, додека за дезинсекција, дезинфекција и дератизација вредноста на договорот е 675.000 денари без ДДВ.

За авионското прскање е ангажирана фирмата „Бониер“, додека услугите од земја ги дава „Плант медика“, двете од Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk