Се кастрат дрвјата во центарот на градот

11.09.2014 10:57 | KumanovoNews

Екипи од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ деновиве ги кастрат гранките на дрвјата во централното градско подрачје, кои претставуваат опасност за пешаците и возилата.

Се кастрат дрвјата во центарот на градот

“Машински, со моторни пили се кастрат дрвјата кои се големи, надвиснати и пречат на пешаците. Опфатени се дрвјата во центарот на градот. Овие активности ни се предвидени со програма и на нив континуирано ќе работиме. Понатаму ќе треба да се направи темелно кастрење на дрвјата на улица “Моша Пијаде“, но таму има многу кабли и за тоа ќе ни треба заедничка акција со ЕВН и други субјекти“ - рече Благица Јовановска од “Чистота и зеленило“.

Во наредниот период “Чистота и зеленило“ ќе почне со засадување на есенско цвеќе на јавните површини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk