Се кастрат суви дрвја и гранки

28.04.2014 11:49 | KumanovoNews

На повеќе локации во градот на барање на граѓаните ќе се сечат  стари дрвја и гранки кои пречат на прозорците и влезовите во зградите.

Се кастрат суви дрвја и гранки

Ќе се кастрат дрвја на улиците “Октомвриска револуција“, “Иво Лола Рибар“, “Железничка“, “Благој Илиев - Гуне“, “Драган Стопаревиќ“, “Страшо Пинџур“ и други.

Имаме многу барања од граѓани и како пристигнуваат така ќе ги завршуваме. Ги сечеме дрвјата што пречат на фасади, на прозорци или при поминување. Онаму каде што има струјни проводници ги советуваме да се обратат до ЕВН - вели Благица Јовановска од секторот за техничко - технолошки работи во ЈП “Чистота и зеленило“.

Во овој дел од годината во претпријатието стигаат и барањата за средување на тревниците пред зградите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk