Се конзервира црквата во Младо Нагоричане

30.11.2010 14:49 | KumanovoNews

 Започнаа конзерваторските работи на црквата „Св.Ѓорѓи Победоносец“ во селото Младо Нагоричане. Работите ги изведува Конзерваторски центар - Скопје, при Министерство за култура.

Се конзервира црквата во Младо Нагоричане

 По тој повод денеска во посета дојдоа директорот на Конзерваторскиот центар, Бехиѓудин Шехаби, проект менаџер на Конзерватоскиот центар, Зоран Георгиев и Благоја Пејковски, каде заедно со градоначалникот Миодраг Јовановиќ, ја посетија црквата и изведувачите на работи на истата- велат од Општината Старо Нагоричане.

Исто така, при посетата на Општината било разговарано и за почетокот на работите на црква „Св.Ѓорѓи“ Старо Нагоричане, со проект финансиран од  Европската Унија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk