Се крпат дупките по улиците во градот

29.04.2012 13:16 | KumanovoNews

 ЈП „Водовод„ започна да ги крпи дупките и прекопаните улици во централното градско подрачје. Вчера се работеше на улицата „Борис Кидрич„, а денеска продолжува на останатите улици.

Се крпат дупките по улиците во градот

 Почнуваме со санирање на дупките и оштетувањата што ги направи нашето претпријатие. Во текот на овие два дена ќе ги опфативме главните сообраќајници „Гоце Делчев„, „11 Октомври„, „Доне Божинов„, „Илинденска„, „Моша Пијаде„, „Трета МУБ„ и „Кирил Методи„. Во следната фаза ќе се санираат прекопите и другите оштетувања на коловозот на останатите улици во поширокото градско подрачје-изјави Виктор Божиновски, директор на ЈП „Водовод„.

Активностите ќе трајат до крајот на октомври додека дозволат временските услови. За санирање на сите оштетувања ќе бидат потрошени 4 милиони денари.

ЈП „Водовод„ има обврска да ги врати во првобитната состојба сите улици што ќе го оштети поради поправка на дефекти на водоводната и канализационата мрежа, како и приклучоците што ги прави на граѓаните и на правните лица во текот на годината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk