Се менува прагот на регистрација на даночните обврзници

26.12.2010 09:43 | KumanovoNews

 Од 1 јануари 2011 година се менува прагот на регистрација на даночните обврзници за данокот на додадена вредност, кој сега изнесува 1,3 милион денари.

Се менува прагот на регистрација на даночните обврзници

Задолжителниот праг за регистрација за целите на ДДВ од 2 милиони денари ќе важи за сите даночни обврзници што во текот на 2011 година ќе остварат промет над 2 милиони денари, почнувајќи од јануари.

Даночниот обврзник што заклучно со 31 јануари 2011 година остварил вкупен даночен промет над 2 милиони денари ќе има обврска да поднесе пријава ДДВ-01 најдоцна до 15 февруари 2011 година“, информира Управата за јавни приходи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk