Се местат семафори кај новиот пазар

22.07.2010 10:26 | KumanovoNews

  Светлосна сообраќајна сигнализација деновиве се поставува на една од најфрекфентните  раскрсници на булеварот „Октомвриска револуција„ и улицата „Ѓорче Петров„.

Се местат семафори кај новиот пазар

 Семафорите сe поставуваат со цел да го регулира сообраќајот во овој дел на градот, каде што поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните прописи често се случуваат сообраќајни несреќи, велат од локалната самоуправа.

 Секторот за сообраќај со проет за вертикално и хоризонтално обележување во градот сака да го реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Неодамна, како дел од истиот проект беа поставени семфори на раскрсницата на улиците „11 Октомври„, „Гоце Делчев„ и „Доне Божинов„.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk