Се местела да се слика паднала во провалија на Кокино

05.05.2015 09:16 | KumanovoNews

Скопјанка се здобила со сериозни повреди по телото, откако паднала од карпите на мегалитската опсерваторија Кокино, додека се местела да се слика.

Се местела да се слика паднала во провалија на Кокино

Инцидентот се случил завчера во 10.30 чатот, кога В.Ј. (44) од Скопје, заедно со своите малолоетни ќерки заминала во обиколка на Кокино, пренесува Вест. Додека се обидувала да завземе што подобра позиција за фотографирање, се одронила карпата, по што паднала во провалија длабока 17.5 метри. Се тркалала низ големата стрмнина на планината до подножјето. Избезумените деца дотрчале да и помогнат. Веднаш повикале полиција, која дошла со Итна помош и повредената ја пренеле во Кумановската болница.

   „Пациентката е донесена со набиеници по телото, повреди на главата и на десната потколеница. Примена е на нашето одделение, пружена и е медицинска помош. Откако примила инфузија пуштена е на домашно лекување„,- изјави дежурниот лекар на хируршкото одделение во Општата болница Куманово.

   Од лекарски извори дознаваме дека ова не е првпат да интервенираат кај пациент со повреди задобиени на Кокино. Пред 2-3 години, од карпите паднало десет годишно дете од Струмица, ученик во шесто одделение кој со своето училиште дошол на екскурзија. Додека се качувале по угорнината, неколку деца се збуткале и момчето се стркалало. Се здобило со сериозна повреда, отворена рана на коленото.

Тогаш професорите кажувале дека неможат да разберат како може Кокино да биде во програмата за училишни екскурзии, а да нема никаква заштита или ограда каде се движат посетителите.

   Мегалитската опсеравторија Кокино е во надлежност на Кумановскиот музеј. Вчера ни рекоа дека слушнале за инцидентот, но тврдат дека жената била предупредена од стражарот да внимава додека се искачува.

Директорката Анита Цветановска вели дека досега не можеле да го обезбедат просторот затоа што на него сеуште се работи и не се до крај завршени археолошките истражувања. Последното е во јуни годинава, по што ќе се изврши конзервација и целосно уредување на просторот.

„Во тек е 4 годишен проект, кој предвидува проширување и изградба на патот, проширување и обележување на пристапните патеки и поставување на заштитна ограда. Планирана е и изградба на мини музеј, сувенирница и мини ресторан за посетителите. Откако ќе се завршат сите рабаоти и ќе се уреди просторот и опсерваторијата ќе се стави во туристички цели„,- вели  Цветановска.

Дотогаш останува посетителите да бидат внимателни додека се движат по карпита за да не дојде до несакани последици по нивната безбедност и здравје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk